Со цел да им обезбеди дополнителни погодности и предности на своите лојални клиенти, ЛУКОИЛ ја надградува Програмата за лојалност на физички лица. Преку издавање на ЛУКОИЛ КЛУБ картички и инсталирање на мобилна апликација, членовите се стекнуваат со поени и со ексклузивни бенефиции согласно правилата и условите за членство во Програмата за лојалност.
Корисниците на ЛУКОИЛ КЛУБ картичките (мобилната апликација) собираат поени за секој наполнет литар гориво на бензинските станици на ЛУКОИЛ, како и за секој дополнителен производ купен на бензинските станици на ЛУКОИЛ. Единствено во ЛУКОИЛ Македонија, собраните поени членовите може да ги искористат без ограничувања за купување на дополнителен асортиман или гориво, со приложување на мобилната апликација или ЛУКОИЛ клуб картичката.
Што e ново?
• Функции: воведени се нови функции за да го подобрите вашето искуство. Сега можете да платите надвор, на самата пумпа преку PAY@PUMP!
• Kориснички интерфејс: го подобривме дизајнот за да ја олесниме навигацијата низ апликацијата.
• Известувања: бидете информирани со нашиот надграден систем за известувања.
• Оптимизирани перформанси: уживајте во побрзо време на вчитување
• Безбедносни ажурирања: воведовме двојна автентикација и ги зајакнавме безбедносните мерки за да ги зачуваме вашите податоци безбедни.
• Грешки: решивме помали проблеми пријавени од корисниците за подобро купувачко искуство.
• Купувачко искуство: воведовме оценување на купувачкото искуство при користење на нашите услуги